PIONERI
PIONERI ART PLATFORM
DISCOVER EMERGING FINE ARTISTS FROM THE BALKANS

Surrealism Today

March 1, 2022
pioneri
Surrealism Today

This year surrealism is having a grand moment with quite a few exhibitions all around the world influenced by the surreal artistic expression. These exhibitions take place at renown artistic spaces, such as Tate Museum in London, Venice Biennale, Guggenheim Museum in Venice, Design Museum in London and so on. But why is this comeback of surrealism happening right now?

According to Helena Newman, Chairman of Sotheby’s Europe and Worldwide Head of Impressionist & Modern Art, there is the argument that surrealism never actually left. The movement technically ended in 1966 with the death of André Breton, who was one of the founders and most prominent figures of surrealism, and it flourished pre-World War II. Still, even after 1966, a lot of artists continued to draw their inspiration from the unconscious, dreams and imagination. Surrealism is a movement that has to do with beyond realities and how we digest and navigate the human experience. The reason why there are so many shows expressing surrealism nowadays is probably because we are facing an uncertain world and an opposition of humans in this world. Surrealism is addressing this. Today surrealism speaks to our conciseness, even though it is related to the subconscious. We can expect it to address a lot of things that were addressed at the movement beginnings in 1920s that are still relevant today.

Here, at Pioneri, we are also detecting an inclination towards surrealism in the works of our featured artist Jelena Dejanovic  Jelena Dejanovic,  a Serbia-based graphic designer, is weaving the surreal incarnation of her inner exploration into magical digital collages. Each collage is one breath, a dance of her inner beats and outer senses, captured in the momentum of creating. They are the echo of the voices rooted in the unconscious, which reconnects us with the inner and outer wild nature. You can see her works on IG under the handle Visual Whispering.

***

Надреализмот денес

Надреализмот денес доживува враќање на уметничката сцена. Оваа констатација е поддржана со фактот што годинава се организираат повеќе изложби низ светот под влијание на надреалното уметничко изразување. Овие изложби се одржуваат во познати уметнички центри, како што е музејот Тејт во Лондон, Венециското биенале, музејот Гугенхајм во Венеција, Музејот на дизајнот во Лондон итн. Но зошто ова враќање на надреализмот се случува токму сега?

Според Хелена Њуман, претседавач на Сотеби Европа и глобален раководител за импресионизам и модерна уметност, валидна е претпоставката дека надреализмот никогаш и ја немаше напуштено уметничката сцена. Технички, надреализмот како движење запре во 1966 година со смртта на Андре Бретон, еден од основачите и најзначајни фигури на надреализмот, а својот врв го достигна пред Втората светска војна. Сепак и по официјалниот завршеток, многу уметници продолжија да црпат инспирација од несвесното, соништата и имагинацијата. Надреализмот е движење кое е поврзано со надреалноста и со тоа како го восприемаме и како се движиме низ човечкото постоење. Причината за значителниот број на надреалистични изложби во денешно време веројатно лежи во фактот што се соочуваме со непредвидлив свет и со судир меѓу луѓето во тој свет. Надреализмот се осврнува на ова. Денес надреализмот се обраќа на нашата свест, иако е поврзан со потсвесното. Можеме да очекуваме да опфати многу нешта кои биле актуелни на почетокот на движењето во 1920-тите, а кои се уште релевантни и денес.

И ние во Пионери, исто така, забележуваме наклонетост кон надреализам во делата на нашите застапени уметници, а меѓу нив ги издвојуваме:

  • Јелена Дејановиќ @visual.whispering – прави сплет на суреални инкарнации на нејзините внатрешни истражувања, претворајќи ги во магични дигитални колажи. Секој колаж е еден здив, танц на нејзиниот внатрешен ритам и надворешни дразби, фатен во моментумот на создавањето. Нејзините дела се ехо на гласови, вкоренети во несвесното, кои не поврзуваат со внатрешната и надворешната дива природа.

  •  

  •  

Leave a comment