PIONERI

CURATORIAL PLATFORM OF EMERGING FINE ARTISTS

NFTs

***

The abbreviation NFTs that stands for non-fungible tokens has become frequently used in the last couple of years within the art world and art markets. But what are NFTs?
According to a Forbes article What Is An NFT? Non-Fungible Tokens Explained, written by Robyn Conti and John Schmidt “An NFT is a digital asset that represents real-world objects like art, music, in-game items and videos. They are bought and sold online, frequently with cryptocurrency, and they are generally encoded with the same underlying software as many cryptos.
Although they’ve been around since 2014, NFTs are gaining notoriety now because they are becoming an increasingly popular way to buy and sell digital artwork.
NFTs are also generally one of a kind, or at least one of a very limited run, and have unique identifying codes. 
Anyone can view the individual images—or even the entire collage of images online for free. So why are people willing to spend millions on something they could easily screenshot or download?
Because an NFT allows the buyer to own the original digital item. Not only that, it contains built-in authentication, which serves as proof of ownership. Collectors value those “digital bragging rights” almost more than the item itself.”
Just recently, a very publicized Sotheby’s sale of 104 CryptoPunks was withdrawn by the consignor minutes before the planned auction. The collection had the highest-ever asking price for an NFT.
“Larva Labs released the CryptoPunks, a generative creation of 10,000 pixelated characters, in 2017. Since then, they have become some of the most sought-after and expensive NFTs.
The consignor acquired all 104 Punks together in a single blockchain transaction; it is one of the largest such groups held by a single wallet, Sotheby’s said, and represents more than one percent of all Punks.” – Art Net News article 
Only time will tell what lies ahead for NFTs. Some predict that they are the future of the art market, while others think that they represent a bubble that will inevitably pop up as it gets inflated.
Pioneri is excited to jump on the NFTs train with the glitch illustrations by the artist Simon Kalajdziev.
 
 
Кратенката НЗТ, која означува незаменливи токени, во последните неколку години се почесто се употребува во светот на уметноста и на пазарот на уметнички дела. Но, што всушност претставуваат НЗТ?
Според статијата „Што е НЗТ? Објаснување на незаменливите токени“ објавена во магазинот Форбс, а напишана од Робин Конти и Џон Шмидт: „НЗТ е дигитално средство кое претставува објект од реалниот свет и може да биде уметничко дело, музика, елементи што се дел од некоја дигитална игра или пак видео. НЗТ се купуваат и се продаваат онлајн, најчесто со крипто валути и вообичаено се кодирани со истиот софтвер како и крипто валутите.
Иако постојат од 2014 година, НЗТ стануваат популарни неодамна поради фактот што прераснаа во се повеќе баран начин на купување и продавање на дигитални уметнички дела.
НЗТ најчесто се уникати, или пак се лимитирано издадени, и имаат уникатни кодови за идентификација.
Онлајн секој може да ги види поединечните слики, па дури и целокупните колажи на слики. Прашањето е зошто тогаш луѓето инвестираат, во одредени случаи и милиони, во нешто што многу лесно може да се слика со компјутерот или телефонот или симне од интернет?
Одговорот е дека НЗТ на купувачот му ја обезбедуваат сопственоста врз оригинално дигитално дело. И не само тоа, НЗТ имаат вградена автентикација која служи како доказ за сопственоста. За колекционерите овие „дигитални права за фалење“ се можеби поважни од самото дело.“
Пред само неколку недели, на големо најавуваната продажба на 104 КриптоПанкс на аукционерската куќа Сотеби  беше повлечена минути пред најавената аукција. Колекцијата ја карактеризираше највисоката до сега почетна цена за НЗТ.
„Ларва Лабс ги издаде КриптоПанкс, колекција на 10.000 пикселизирани карактери во 2017 година. Од тогаш тие станаа едни од најбараните и најскапи НЗТ. Продавачот се здобил со сите 104 Панкс одеднаш со една блокчеин транскација; тоа е една од најбројните колекции во сопственост на еден паричник, како што изјавија од Сотеби и претставува повеќе од 1% од сите Панкови.“ – објавено во статија на Art Net News.
Времето ќе покаже што ќе се случува понатаму со НЗТ. Некои предвидуваат дека НЗТ се иднината на уметничките пазари, други сметаат дека НЗТ се меур кој неизбежно ќе пукне.
Пионери со возбуда се приклучува кон овој нов тренд, претставувајќи ги глич илустрациите на уметникот Симон Калајџиев.
 
 

Leave a comment