PIONERI

CURATORIAL PLATFORM OF EMERGING FINE ARTISTS

Pattern Repetition in Art

March 3, 2022
pioneri

Pattern Repetition in Art

“I think you get meaning through repetition.” – Damien Hirst

Repeated forms and arrangements have been used in art since ancient times. The simple act of repeating the same unit over and over again creates new narratives and interpretations.  Damien Hirst has famously declared “I think you get meaning through repetition.”  Aside from his notorious diamond skull, Hirst is also known for his use of patterns. Series such as his Kaleidoscope paintings (composed of thousands of butterfly wings placed in intricate patterns) and his Spot paintings (consisting of countless coloured spots) are Hirst’s interpretation of the art of repetition.

Legendary pop artist Andy Warhol is also known for working with repetition. He became famous for his repetitive images of soup cans, soda bottles, dollar bills, and portraits of celebrities.

Another artist that loved using repetitive pattern is the 1980’s street art phenomenon Keith Haring. He created a recognisable set of images and symbols that he would repeat over and over again as enigmatic and colourful patterns, all across town in New York City as well as in his paintings and prints. 

Josef Hoffmann’s textile designs, much like his designs for other household items, demonstrate an elegant clarity and simplicity, often focusing on repetition of the geometric, or highly stylised motifs from nature, such as flowers, leaves and stem.

Drawing from the conversation on patterns and repetitions, Pioneri is delighted to introduce Ana Trajkovska, an artist from N. Macedonia. Ana creates through exploration and experimentation in the field of graphics, pochoir technique, attempting and succeeding in discovering new paths of visual communication. Her starting point is the traditional approach in the graphic arts, which she replaces with alternative materials for creating pattern repetition, transcending into other artistic mediums, such as the sculpture.

Here, at Pioneri, Ana’s artistic signature is presented with the work “Black and White”. 

 

 

Повторување на матрица во уметноста

„Мислам дека значењето се разбира преку повторувањето.“ – Дамиен Хрст

Повторувањето на идентични форми и аранжмани е присутно во уметноста од најстари времиња. Едноставниот акт на одново и одново повторување на една матрица создава нови наративи и интерпретации. Нашироко позната е изјавата на Дамиен Хрст: „Мислам дека значењето се разбира преку повторувањето.“ Освен по фамозниот дијамантски череп, Дамиен Хрст е познат и по креирањето со матрици кои се повторуваат. Неговата интерпретација на уметноста на повторувањето е изразена во сериите слики Калеидоскоп (создадени од илјадници крила на пеперутки поставени во сложени шеми) и Точка (сликите се сочинети од безбројни обоени точки).

Легендарниот поп уметник Енди Ворхол е исто така познат по делата во кои употребува репетиција. Тој се има стекнато со светска слава со репетитивните слики на конзерви супа, шишиња сода, банкноти од долар и портрети на славни личности. Уште еден познат уметник кој уживал во користењето на репетитивната техника е феноменот на уличната уметност од 80-тите години на 20. век Кит Херинг. Тој создал препознатливи сетови на слики и симболи, повторувани одново и одново како загадочни и колоритни матрици низ градот Њу Јорк, но и низ неговите слики и графики.

Текстилните дизајни на Јозеф Хофман, слично како и неговите дизајни за други предмети за домаќинството, демонстрираат елегантна јасност и едноставност, често фокусирајќи се на повторување на геометриските или високо стилизирани мотиви од природата, како што се цвеќиња, лисја и стебло.

Како надополнување на разговорот за повторување на матрици во уметноста, Пионери со задоволство  ја претставува Ана Трајковска, уметница од С. Македонија. Ана создава уметност со истражување и експериментирање во доменот на графиката, обидувајќи се и успевајќи да открие нови начини за визуелна комуникација. Нејзината појдовна точка е традиционалниот графички пристап, кој целосно го менува со употреба на алтернативни материјали при репетиција на матрицата, приближувајќи се кон други уметнички медиуми, како што е скулптурата.

Кај нас во Пионери, уметничкиот израз на Ана е претставен со делото „Црно и бело“.

 

Leave a comment