PIONERI
PIONERI ART PLATFORM
DISCOVER EMERGING FINE ARTISTS FROM THE BALKANS

Creating a budget for investing in art

March 15, 2022
pioneri

Creating a budget for investing in art

Looking at art online is probably the most convenient way to establish and develop your taste and inclinations and, in the end, to purchase certain works of art. It is also considerably cheaper than buying from traditional galleries, which normally charge 50% commission rate.

Before embarking on the quest of purchasing art, it is best to establish a budget. Online there are endless possibilities. For the same price you can get a painting, a limited-edition photograph, a sculpture, in other words you can find a variety of art that will differ in technique, size, artistic expression, medium etc. The basic price is always established by the artist, based on their previous sales, experience, awards won, education, and the time spent on making each piece of artwork. These prices are vetted by the online gallery and then topped off with a gallery commission which is considerably lower than the usual 50% of the traditional galleries.

When purchasing art online, it is also worth to inquire whether the work of art would come framed and/or mounted, as this can considerably add to the final cost (especially if you envision a rich or heavy frame for a painting, for instance).

Most importantly, it is not only possible, but it is also fairly easy to find something you love, within your budget.

 

 

Креирање на буџет при инвестирање во уметност

Разгледувањето на уметнички дела онлајн е веројатно најпогодниот начин за утврдување и развивање на сопствениот вкус и, во краен случај, за купување на одредено уметничко дело. Важно е да се напомене и дека купувањето онлајн е значително поевтино во однос на купувањето од традиционалните уметнички галерии, чија провизија е доста висока и вообичаено изнесува 50%.

Логично е да се утврди буџетот за купување пред да се започне со потрагата по соодветното уметничко дело. Онлајн, можностите се бесконечни. За иста цена можат да се најдат уметнички слики, лимитирани принтови од фотографии, скулптури. Сите тие ќе се разликуваат по техниката, големината, артистичкото изразување, медиумот итн. Основаната цена е секогаш утврдена од уметникот врз основа на претходните продажби, искуството, добиените награди, образованието и времето поминато за изработка на делото. Овие цени се проверени од страна на онлајн галериите и потоа зголемени за галериската комисија која по правило за онлајн галериите е далеку пониска од вообичаените 50% на традиционалните галерии.

При купување уметнички дела онлајн, важно е и да се информирате дали делото ќе дојде до вас врамено или/и монтирано бидејќи овие навидум неважни елементи можат значително да влијаат на крајната вкупна цена (посебно доколку вашата уметничка слика ја замислувате закачена на ѕидот во богата и тешка рамка).

Но на крајот, најважно е да се истакне дека не е само возможно, туку е и лесно да најдете уметничко дело во кое ќе се вљубите, а истото да биде во рамките на утврдениот буџет.