PIONERI
PIONERI ART PLATFORM
DISCOVER EMERGING FINE ARTISTS FROM THE BALKANS

Horizontala

August 10, 2022
pioneri
Хоризонтала

Јулија Кастелучи, концептуална уметница која ја донесе уметностa на перформансот во Македонија и со тоа ја издигна на светската сцена. Таа сака да живее тука – „за дивно чудо“ – но како сè повеќе се запознаваме со нејзината уметност знаеме дека брзо ќе заталка во највисоките/нajголемите уметнички кругови и центри.

 

 Ха ха ова добро звучи, претенциозно и пророчки. Ми се свиѓа.

Она што го носам во себе и го емитувам врз секојдневниот живот, испаѓа дека е уметност, јас не знам дали тоа што го правам е уметност и дали јас сум уметница, но она што јас го правам и како се однесувам, веќе илјадници години назазад луѓето го нарекуваат уметност.

Еве, сега сум во Македонија и тука создавам, ако утреден се преселам во друга земја и таму истото ќе го правам, затоа што тоа е моја потреба, моја природа.. и не се занимавам со прашањето дали сцена постои или не, дали има услови за работа или не, дали има публика или не, јас создавам без обзир на сè… но секако дека дел од тие прашања некогаш се и материјал за мојата работа.

 

– А зошто токму во Македонија? Што е она што Ве влече и задржува тука?

 

“Macedonia is a magic country, because everything is possible and nothing is possible, така велеше еден мој пријател Јохан од Шведска кој живееше тука, па ете токму затоа живеам тука, затоа што е magic country…

Инаку покрај магијата има многу други причини зошто сум тука.

Имам и македонска семка, дедо ми, на мајка ми татко е Mакедонец, и мене таа семка ме влече тука на ова парче земја…поради тоа имам и македонски пасош и лична карта, значи апла сум Македонка, само уште еден дворец на Водно ми фали, од денационализација на прадедо ми (хаха)

 

Можете ли да ни кажете за Вашето учество во галеријата Stellwerk, во Културбанхоф, Касел, паралелен настан на познатиот Documenta fifteen и стипендијата што ја добивте од Европската културна академија во Венеција.

 

Мојот видео перформанс наречен ”IM WAITING 15 MINUTES OF FAME” беше прикажан во галеријата Stellwerk во Касел во последните 10 дена од јули, како дел од проектот на Guerilla Architects и Along the Lines. Во видео перформансот се потпирам на ѕидот на музејот и се обидувам да воспоставам дијалог меѓу уметниците и институцијата, но тука има многу повеќе слоеви и симболика. Насловот за делото го избрав според познатата реченица на Andy Warhol, затоа што цел живот чекам да се оствари неговото пророштво. Уморна од чекање…

Во Венеција пак добив стипендија од Европската културна академија да учествувам во резиденцијата во ECA и понатаму да ја развивам идејата за мојот проект „Хоризонтала“. Станува збор за летна резиденција каде што се избираат 10 уметници од Европа за да ги развијат и реализираат своите идеи. Мојот проект Хоризонтала (кој беше изведен два пати во Скопје, во Буковски како дел од фестивалот Култиватор и во Даут Пашин Амам како дел од реномираниот фестивал Модоарс) е 3 часовна tête-à-tête вокална изведба каде што лежам на подот и пеам, а посетителите исто лежат и слушаат и се менуваат  во период од три минути.

 

Да убаво се сеќавам на Хоризонтала, не ни претпоставувавме дека таков настан се случува во Скопје. Сите дојдовме на време, нетрпеливо чекајќи ги своите три минути просветлување.

Кој  и што Ве инспирира да создавате?

 

Ме инспирира внатрешниот  и надворешниот свет. Мојот внатрешен свет е корусот на моето творешто, и моите сништа особено, во моите сништа добивам идеи кои уредно ги запишувам и скицирам, а потоа ги реализирам.

Најчесто кај мене се работи за процес на откривање на нештата…започнува со некое чуство или прашање, или некоја леснотија или страв или вина или убавина или ранливост или, или, или… Всушност, така започува секој ден, со нешто мало што после се открива, се трансформира во нешто друго, добива форма и станува некое дело. 

А од надворешниот свет  ме инспирираат луѓето, приозори и пејсажи кои ги гледам и слушам, муабети, актуелни политички ситуации, па све до егзистенцијална, емотивна, духовна состојба на една земја…на секое ниво Македонија е многу возбудлива за мене, особено менталитетот и матриците кои владеат на ова поднебје.

 

И за крај на овој убав разговор кажете ни каква и која е Вашата публика и кои концептуални уметници најмногу Ве инспирираат?

 

Моја публика е сè што е живо и неживо, моја публика се луѓе, животни, растенија, празни столици, бандери, куќи, птици, згради…сè што ме опкружува, хаха звучи надреално, ама така е.  Публика не се само живи луѓе, живи нешта, туку и неживи, и тоа ми даде една сосема нова димензија и ме ослободи, ме ослободи од таа матрица која што не ограничува, дека правиш нешто само за да звучи добро, или на некој да му се допадне, или затоа што така си учел на училиште, или затоа дека така наложуваат некои правила, или само некој за да ти рече браво или за малку внимание или… Публиката е многу поширока од таа матрица на која што сме навикнале.

А што се однесува до прашањето за инспирација и кои концептуални уметници ме инспирираат… Уметностa не ја гледам ниту делам по епохи, правци или жанр, ја доживувам како една целина и генерално сакам добри дела…и кога нешто е добро тоа одма се чуствува… така што еве некои од уметниците чие творештво ми е блиско, ме буди и возбудува… Yves Klein, Ai Weiwei, Yoko Ono, David Hockney, Mladen Stilinovic, Leonid Šejka, Ivan Kozarić, Marina i Ulay, Bruce Nauman, Vito Acconci, , Romeo Castellucci, Tadao Ando, John Cage, Arvo Part, David Shrigley, Massive Attack, Lata Mangeshkar, Pina Bausch, Mats Ek, Marcel Duchamp, Aandre Tot, Ben Frost, Dina Washington, Minnie Riperton, Whitney, Ane Brun, Richrd Hawley, Efterklang, Bah, Ivo Van Hove, Mina Mazzini, Joseph Beuys, Shubert, Ravel, Neo Rauch, Debussy, M.Davis, Rachmaninoff, Stravinski, Penderecki, Shostakovich, Mos Def, Joni Mitchell, Puccini, Interpol, Prince, Max Richter, Maarja Nuut, Enrico Caruso, Morphine, Nils Frahn, Brian Eno, Dzoni Štulić, Vlada Divljan, Miomir Grujić Fleka, Bitlsi, Maria Callas, Вања Лазарова, Kiril Mančevski, Chromatics, Keith Jarret, Roni Horn, Midori Takada, цела банда од Fulux kolektivot, и колективот OHO, и последно Valie Export… ама се изморив и возбудив набројувајќи ги, ги има многу…генијални…не успевам сите да ги набројам.

 

 

 

 

 

 

 

Leave a comment