PIONERI

CURATORIAL PLATFORM OF EMERGING FINE ARTISTS

Unusual Architectural Experiences

March 28, 2023
pioneri

Unusual Architectural Experiences *Unsu

We are pleased to announce the exhibition “Unusual Аrchitectural Еxperiences” by the Macedonian artist and architect Tijana Stojkovska.
The artworks are an outcome of discovering the connection between the imaginative world within us and the real perception of the world around us.
Macedonian architecture from the 20th century is the main theme in all the works of this collection, and the re-imagination of its context is the main method for creating new unreal architectural worlds.
The purpose of the exhibition is to create a new perspective on the extraordinary quality of architecture from our “ordinary” reality.
The exhibition will open in Pioneri Gallery, on Wednesday, April 12, and will last for the next two weeks.

Задоволство ни е да ја најавиме изложбата „Поинакви архитектонски доживувања“ на македонската уметница и архитектка Тијана Стојковска.
Делата се последица од откривање на врската меѓу имагинативниот свет во нас и реалната перцепција за светот околу нас.
Македонската архитектура од 20-тиот век е сеприсутната тема во сите дела,  а реимагинацијата на нејзиниот контекст e главен начин за создавање нови нереални архитектонски светови. Богатиот опус на архитектонски дела од наши архитекти е неиспцрпен извор за нови креативни визии во дигиталната уметност кои поттикнуваат  поинакви доживувања на веќе добро познати простори.Со оттргнување на архитектурата од околниот контекст, таа се оддалечува од негативните конотации со кои е поврзана со оглед на тоа дека архитектурата е естетска и функционална експресија на својата околина, период и општество.  Во делата се визуелизирани повеќе различни наративи и атмосфери преку поврзување на архитектурата со природата, со небото, со водата.
Со одредени контексти се прикажува поинаква утописка средина, додека со други се потикнува размислувањето за не толку “романтична” средина и занемарениот проблем со глобалното затоплување кој се повеќе станува неизбежен дел од нашата вистинска реалност. Во делата,  архитектурата е претставена и низ надреален објектив,  како би се доживувала низ имагинативното око на децата.
Архитектурата и просторите кои ги дефинира секогаш се доживуваат субјективно, во зависност од емоциите и чувствата на тој што ги доживува. Целта на изложбата е да создаде нова перспектива за необичноста на архитектурата од нашата “обична” стварност и да поттикне нови начини на доживување на истата.
Изложбата ќе биде отворена на 12-ти април (среда) во галеријата „Пионери“, а ќе трае во следните две недели.

Leave a comment