First Month Selection of Illustrators and Printmakers
March 1, 2022
pioneri
FIRST MONTH SELECTION OF ILLUSTRATORS AND PRINTMAKERS
As we slowly roll into sunnier and longer days, get to know our top digital artists for this month:
Ana Trajkovska creates through exploration and experimentation in the field of graphics, pochoir technique, attempting and succeeding in discovering new paths of visual communication.
Jelena Dejanovic @whispering is weaving the surreal incarnation of her inner exploration into magical digital collages.
Uroš Štrboja is well known and respected as a graffiti artist, but recently had his first solo exhibition exploring the stigmatization of non-normative mental states, specifically the bipolar disorder.
Vanja Shtrkova is a graphic designer with high regard and respect for color. She chooses to illustrate single subjects, as she believes that the individual can only discover their true essence alone. As much as being alone can be scary, it does not necessarily have to be lonely.
Ana Jovanovska is interested in combining the word and the image with her practice deeply rooted in observation and reaction to the current times and spaces.
Filip Velkovski’s illustration storytelling is influenced by his homeland rich with mountains and remote villages, where myths and legends are still alive.
Bisera Krckovska’s works are delicately balanced between architectural graphic neatness and unburdened intuitive expression.
Како што полека се приближуваат сончевите и подолги денови, запознајте ги нашите избрани дигитални уметници за овој месец:
Ана Трајковска создава уметност со истражување и експериментирање во доменот на графиката, обидувајќи се и успевајќи да открие нови начини за визуелна комуникација.
Јелена Дејановиќ @visual.whispering прави сплет на суреални инкарнации на нејзините внатрешни истражувања, претворајќи ги во магични дигитални колажи.
Урош Штрбоја е добро познат и почитуван урбан графити уметник, кој неодамна ја имаше својата прва самостојна изложба посветена на истражување на стигматизацијата на ненормативните ментални состојби, конкретно на биполарното нарушување.
Вања Штркова е графичка дизајнерка со посебна почит и однос кон боите. Таа одбира поединечни субјекти за илустрација, застапувајќи ја тезата дека индивидуата може да ја спознае својата суштина само самата со себеси. Да се биде сам, колку и да е страшно, не мора да значи да се биде и осамен.
Ана Јовановска го насочува својот интерес кон спојување на зборот и на сликата преку нејзината работа, која е длабоко вкоренета во набљудувањето и реакцијата на тековното време и простор.
Филип Велковски раскажува приказни со илустрации, под влијание на неговата родна земја, исполнета со планини и далечни села, во која митовите и легендите се уште живеат.
.
Бисера Крцковскаостварува деликатна рамнотежа помеѓу архитектуралната графичка уредност и неоптоварениот интуитивен израз.